Утрински Весник
Македонија

СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

Продолжи распаравата за законот за ЈО, Собранието ќе работи до распуштање

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Пратениците на СДСМ поддржани со потписите на нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесе барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.

Иницијативата е доставена до архивата на Собранието, а потоа од таму ќе биде испратена во Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери. Нема информации како ќе постапи Џафери по добивањето и разгледувањето на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.

Тој вчера не сакаше да ја коментира Иницијативата посочувајќи дека сака најнапред да ја види па да се изјасни за неа. Претходно, неговиот став беше дека еднаш самораспуштен Парламент не може повторно да се свикува.

Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ остави простор да ја погледне иницијативата па да се изјасни, нагласувајќи дека за ваквите одлуки е потребен општ консензус.

Собранието на Республика Северна Македонија се самораспушти на 16 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април,  но тие беа одложени поради ширењето на коронавирусот. ев/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства