Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пиштолџиите се дел од крвавото сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари

Ниту една лага од Белиот дворец не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и структури на Алијанса за Албанците од Скопје блиска до Арбен Таравари создаваа крвави сценарија за меѓуетнички инциденти, реагираат од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Сите пиштолџии, лица кои вперуваа и пукаа со пиштоли во Скопје се пронајдени и се санкционирани и сите до еден се или членови или блиски луѓе до структури на Алијанса. Наместо да прави конструкции, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио? Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио? Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?“, прашуваат од СДСМ.

Според нив, како што расте нервозата од неуспешното крваво сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари, така, како што велат се зголемува и продукцијата на лажни вести, манипулации и конструкции од белиот дворец.

„Нервозни се затоа што и покрај сите нивни обиди за дестабилизација и покрај сите провокации и закани, граѓаните им го свртеа грбот и решија државата да продолжи по европскиот пат“, посочуваат во напишаното од страна на СДСМ.

Можете да прочитате

 Сиљановска-Давкова денеска ја прими директорката на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот 

Полицијата приведе девет возачи за безобѕирно возење