Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Официјалните податоци го демантираат Мицковски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

Скопје, 9 април 2020
Христијан Мицкоски очаен за внимание денеска уште еднаш покажа дека не разбира економија и финансии, или пак свесно манипулира со бројките што е далеку поопасно.
Последните податоци за реализација на буџетот упатуваат на реално планирање на приходната и расходната страна. Ако се анализираат бројките на приходната страна со месец февруари 2020, тие се на ниво од 14.32% вкупните расходи се на ниво од 14.87 %.
Имајќи ја предвид динамиката на реализација на буџетот, никој не очекува дека ова ќе остане на ова ниво, и дека ваквиот развој на реализацијата дури и за лаиците укажува, дека нема ништо чудно во реалзиација на иститот.
Пресметано по месеци, имаме реализација на приходна и расходна страна на отприлика 7%. Реализацијата на за расходната страна и секако приходната страна, се знае дека секогаш е различна по месеци и таа е секако повеќе изразена при средина и крај на годината.
Заради начинот на извршување и динаминката на исплата буџетскиот дефицит секогаш е многу поголем во првиот и последниот квартал од годината во споредба со вториот и третиот, па така зголемениот буџетски дефицит во прв квартал оваа година не излегува надвор од очекуваното зголемување
Освен за реализација на Буџетот, Мицкоски манипулира и со стоковата размена.
За илустрација, во истиот споредбен период осносно првите два месеца од 2019 и првите два месеца од 2020 државата има зголемен извоз за 3.4% процентни поени или во апсолутни бројки скоро 30 милиони евра.
Исто така увозот е зголемен за истиот период околу 5%, или во апсолутни бројки околу 70 милиони евра.
Покриеноста на увозот со извоз во 11 години владеење на ВМРО се движеше во интервалот од 60% до 70%, додека со промената на власта овој индикатор тргна нагоре, односно извозот се зголемува со многу поголеми стапки отколку увозот:
Официјални податоци ги демантираат лаги на очајниот Мицкоски кој не пропушта прилика да шири паника и вознемиренсот меѓу граѓаните.
Мицкоски треба да научи економија и да престане свесно да манипулира со податоците за дневнополитички цели.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, велат од Онкологија

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

АД ЕСМ остана без директор за правни и општи работи