Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – СДСМ од почетокот на пандемијата на дело покажува одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец, така и ќе продолжиме, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција потврди дека потпретседателот на партијата Мухамед Зекири со неговото семјество се позитивни на коронавирусот, а позитивна е и директорката на УЈП Сања Лукаровска која е дел од Изврешниот одбор на СДСМ. Согласно здравствените протоколи и здравстевната превенција, во самоизолација се лицата кои имале контакти со нив, како што се партиските потпретседатели, министерот Дамјан Манчевски и вицепремиерката Мила Царовска, советникот за односи со јавноста Марјан Забрчанец, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, кои ќе се тестираат овие денови, додаде Заев, информирајќи дека утрово тестирање на Ковиод-19 направил и техничкиот премиер Оливер Спасовски
– Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средтсва за претходна лична дезинфекција. Овде во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, се прави редовна дезинфекција на сите простории. СДСМ како и досега ин натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и секој поединец, рече Заев.
Тој нагласи дека каква и да е одлуката на здравствените власти тие ќе бидат почитувани, а резултатите од тестирањата ќе бидат јавно објавени.
Во однос на тоа што и покрај преземените заштитни мерки има два случаи на заразени од Ковид-19 , Заев вели дека СДСМ е голема партија со 120.000 членови, активисти и поддржувачи и мерките за заштота целосно се почитуваат, а бројката од двајца заразени ја поврза со непочитување на мерките од нивна страна.
– Самата бројка од двајца заразени покажува дека колку и да ги почитуваме мерките вирусот е наша реалност и тој постои. Почитувањето мора да биде максимално, дури и во овие два случаеви не сме ги почитувале до крај, пред се, како луѓе. Нашиот потпретседател Мухамед Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат. Снаата веројатно од своето семејство, не почитувале доволно, а според интензитетот кај Сања Лукаревска, преносот не е ист како кај Зекири. Но, останува како заклучок целосно почитување на мерките, кои се нашето секојдневие, нашата нова нормалност. Колку побрзо на тоа се навикнеме толку ќе бидеме психолошки поподготвени за спроведување на тие мерки. Тешко ни е на сите кога слушаме дека бројките се големи. Олеснително е тоа што се асимптомски и намалена е силата на самиот Ковид вирус, но самите бројки навистина паѓаат тешко за сите, и за нас од СДСМ, верувам и за опозицијата и за кој било граѓанин, но сите заедно да заклучиме дека е потребно целосно почитување на мерките и заштита на своето здртавје, а преку тоа и здравјето на сите, вели Заев. вг/сп/