Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Одредбите во македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно

СДСМ: Одредбите во македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам?, реагираат од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

„Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно. Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати Договорот од Преспа како реалноста, реалност која овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО-алијансата со меѓународно потврдени македонски јазик и македонски идентитет“, стои во писмената реакција од СДСМ.

Мицкоски очигледно одбра да продолжи со неодговорното и несериозно однесување, велат од оваа партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт