Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Обвинителство да ги истражи сите јавни наводи за Мицкоски поврзани со рекет и закани кон бизнисмени

Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи јавно пласираните наводи за рекет и закани кон бизнисмени од страна на Христијан Мицкоски. Долгогодишен познат бизнисмен и актуелен градоначалник во јавноста излегоа со ставови кои укажуваат на евентуално незаконско дејствување на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.

Бизнисмен јавно му порача на Мицкоски да престане да му се заканува, додека актуелен градоначалник на една скопска општина излезе со сличен став дека Мицкоски се заканувал кон стопанственици.

Од СДСМ наведуваат дека ова воопшто не се наивни тврдења, особено што со последната пресуда јавноста виде за што е способна ВМРО-ДПМНЕ кога во прашање е крадењето на парите на граѓаните.

Затоа, надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапат, да ги истражат овие наводи и со тоа да спречат нов „Талир 2“ нов случај „Плацови на Водно“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика