Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Новите мерки се неопходни за колективна заштита, Мицкоски да престане да поткопува

СДСМ: Новите мерки се неопходни за колективна заштита, Мицкоски да престане да поткопува

Растот на новозаразени случаи од ковид вирусот повикува на одговорност и разум од секој поединец, од целото општество. Од исклучителна важност е што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период и да не наседнуваат на лажни информации, потенцираат од СДСМ.

Од владејачката партија апелираат до сите граѓани, кои досега не се имунизирале да го сторат тоа побрзо.

„Теориите на заговор и дезинформациските кампањи кои ги пласираат разни центри, кои ги одвраќаат луѓето од имунизацијата и создаваат недоверба кон науката и медицината се на штета на граѓаните. Пред да дозволиме дополнително влошување на состојбата, мора да стапат на сила новите рестриктивни мерки. Во исто време, сите граѓани треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита. Новите мерки се донесени исклучиво во насока на заштита на јавното и колективното здравје кои се наш приоритет“, е истакнато во соопштението од СДСМ.

Нивната цел, додават од таму не е да го „делат народот“ како што неодговорно вели Христијан Мицкоски, туку се неопходни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем.

„Мицкоски останува политички и здравствен пироман се додека седи настрана, се додека го гледаме во кафани и теретани и ја игнорира маката на народот. Наместо да го поткопува здравствениот систем, Мицкоски треба да излезе и да ги повика граѓаните да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките“, пишува во соопштението од партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт