Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ниту еден т.н. протест не го сокрива фактот дека ВМРО-ДПМНЕ ја поскапи струјата за 100 отсто

СДСМ: Со Михајло Маневски ВМРО-ДПМНЕ може да го обнови само „Сваровски“ судството

ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100 отсто и потоа се финансирала со пари од поскапувањето, реагира СДСМ откако опозицијата најави дека и утре продолжува со протест против поскапувањето на струјата.

„Ниедна лажна вест, ниеден таканаречен протест, не го сокрива фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја поскапи струјата за 100 отсто, ниту фактот дека ВМРО-ДПМНЕ всушност се финансирала од поскапата струја што ја плаќаа граѓаните и стопанството. Поранешен директор на АД ЕЛЕМ во судско сведочење јавно кажа како носел пратки кај тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и како Божиновски му се јавувал да ургира компании кои добиле тендери од тогашното АД ЕЛЕМ, да и помогнат на партијата ВМРО-ДПМНЕ“, наведе СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен да брани криминал и да шири лажни вести.

„И самиот Игор Јанушев за кој има предмет, за злоупотреба на службена положба каде се сомнева дека го оштетил буџетот за 5 милиони евра, очигледно кога вели мафија мисли на себе и ВМРО-ДПМНЕ. Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв на Јанушев и ова деструктивно ВМРО-ДПМНЕ на поразениот Мицкоски“, додава СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Таравари контра Фетаи: Неговата група брои помалку од 40 луѓе кои чувствуваат вознемиреност и вина

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството се во времето на Филипче, дали тој стои зад скандалот со Онкологија?

Некои од повредените од пожарот во Кочани што се вратија од лекување имаат отворени рани, а дел се со покомплицирани повреди