Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Николов лаже и манипулира, платите во здравството растат

СДСМ: Николов лаже и манипулира, платите во здравството растат

Од СДСМ реагираат на обвинувањата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара да им се зголемат платите на докторите и здравствените работници.

„ Тажно е што еден лекар како Игор Николов кој, во време на владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче, лично ги почувствувал бенефитите во здравството да лаже и манипулира. Попуст е обидот на д-р Николов во име на неговата партија ВМРО ДПМНЕ и за додворување на Христијан Мицкоски да говори лаги! Основната плата на лекарите специјалисти се зголемени за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ приватните специјализанти имаа месечни примања од 0 со букви НУЛА денари. Сега земаат по 30.000 денари месечно, а од јуни почна да им се плаќа здравствено осигурување и дежурства. Од март сите вработени во здравството без разлика дали се медицински или немедицински персонал добива по плус 5 % “ велат од партијата на власт.

Оттаму ѝ порачаа на ВМРО-ДПМНЕ дека може да гледа и да учи што значи вистинска грижа за здравствените работници, што значат инвестиции во здравството.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт