Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Не успеа крвавото сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери

Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, кое на крајот не успеа. Мицкоски синоќа не беше цел туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизвикани од највисоки претставници на партиите во опозиција. Цуфи Кока е личноста која според крвавото сценарио на Мицкоски треба да глуми негов напаѓач и истото лице вчера беше приведено веднаш.

Се работи за човек кој е брат на висок член на коалицискиот партнер на Мицкоски, Алијанса, кој беше назначен за директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје. Станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен функционер во кампањата на Данела Арсовска. Тоа се гледа и од фотографиите објавени во прилог. Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.

Сè е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сценарио кое синоќа не успеа. Тие воопшто и немаат друга стратегија освен креирање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме. Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано“, велат од владејачката партија.

Оттаму апелираат до граѓаните да не подлегнувааат на вакви конструкции, повикуваат на смиреност, а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот.

Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидат поразени, порачаа од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт