СДСМ во целост ја демантира информацијата објавена од страна на една од националните телевизии дека бил договорен премиер по принципот „три години Заев, една Зибери“, односно дека ДУИ ќе управува со институции како УЈП и МВР.
„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори“, се наведува во партиската реакција.
Од СДСМ велат дека секогаш им стојат на располагање на медиумите, и очекуваат во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да се побара официјален став од партијата, пред да биде објавена вест.