Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Нема толеранција за прекршителите на здравствените протоколи

СДСМ: Нема толеранција за прекршителите на здравствените протоколи

„Високите бројки на новозаразени со коронавиусот покажуваат дека државата, исто како и регионот и цела Европа, влегува во очекуваниот есенски бран, а најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е носењето маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.Поголемиот дел од граѓаните и фирмите ги почитуваат мерките и се вистински позитивен пример за секого.Но за жал, има и такви кои одбираат да ги игнорираат мерките за заштита и протоколите и со тоа создаваат лоша слика за целината, во која повеќето даваат се од себе да се заштитат себеси и своите сограѓани. Токму затоа нема толеранција за прекршителите на здравствените протоколи“, соопшти СДСМ.

Изминативе денови бевме сведоци на прекршувања на законите и непочитување на ковид протоколите од одредени субјекти, и по неколку укажувања од страна на инспекциските служби.

„Поради тоа Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите.

Досега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува мерки, а другите инспекциски служби само поднесуваа кривични пријави за непочитување на протоколите.Со новите законски измени вакво овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво“, се додава во соопштението.

Конкретно, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти кои не ги почитуваат мерките.

Висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. На овој начин ќе се обезбеди ефективност на санкцијата, а од друга страна ќе постои правичност, односно ќе им се даде можност на оние правни лица кои ги почитуваат протоколите да продолжат да си ја вршат својата работа, а оние правни лица кои нема да ги почитуваат протоколите да бидат соодветно и навремено санкционирани.

„Врвен приоритет е заштитата на јавното здравје, во овој период од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи, за да се заштити здравјето на секој граѓанин.Ниту здравствените работници, кои седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола, ниту здравствениот систем не може сам да се справи со оваа криза. Да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно, битката против невидливиот непријател мораме да ја водиме сите заедно, без исклучок“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт