Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На Мицкоски и Апасиев им се случи нов изборен пораз, двојна победа на Ковачевски и коалицијата на СДСМ

Со двојнатата победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и Маврово Ростуше граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности. Граѓаните во тешки времиња препознаа дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики и на Мицкоски и Апасиев им испорачаа нов изборен пораз,се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека што и да зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ фактите се неумоливи. Тие на вонредните локални избори изгубија во две општини, а во третата имаат пад на гласовите од над 1.000 гласа. Мицкоски може да се врати во основно образование бидејќи и математиката и политиката му се слаба страна. Тоа што се обидува сопствениот пораз да го претставува за некаква победа покажува дека Мицкоски има проблем со математичките операции ама и со логиката.

Можеби затоа и го нема да се јави Мицкоски со денови, макар и на својот ФБ профил. Нема што да каже, бидејќи граѓаните му кажаа дека се за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, одговорност и посветеност, а против блокади, деструкции, лаги и шпекулации, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи