Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Наместо за партиски војници Орце Ѓорѓиевски 100.000 евра да ги насочи за општината и граѓаните

СДСМ: Наместо за партиски војници Орце Ѓорѓиевски 100.000 евра да ги насочи за општината и граѓаните

Во време на криза, кога се жали дека општината нема пари за струја и парно, градоначалникот на Кисела Вода ќе потроши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на блиски лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ и медиумски гласници на партијата, соопштија од СДСМ.

„ 100.000 евра за општина како Кисела Вода се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога е најпотребно во време на огромна криза.

Градоначалникот Ѓорѓиевски да ги пренамени овие пари и наместо за партиски војници и мегафони 100.000 евра да ги насочи за општината и граѓаните.

Наместо за непродуктивни трошења и партизација на општината, парите да завршат назад кај граѓаните“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани

СДСМ: Мицкоски најавува избори – 24info.mk

Симпозиум на млади лекари во Скопје: Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција