Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Наместо да блокира, ВМРО-ДПМНЕ нека ги продаде теписоните и лустерите од Белиот дворец за да ги врати парите кај граѓаните

ВМРО-ДМПНЕ да ги продаде теписоните од 20.000 евра и лустерите од Белиот дворец и да ги врати парите кај граѓаните, порача владејачкиот СДСМ.

Од партијата коментираат дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам најавуваат засилени блокади во време на најголема светска, економска криза, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната и во услови кога политичарите од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима.

„Преку судските процеси јавноста виде како ВМРО-ДПМНЕ трошела стотици илјадници евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец. Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да повикува на некаква радикализација и блокади нека да ги продаде теписите од 20.000 евра, луксузните лустери и маси во Белиот дворец и парите нека ги пренасочи кон граѓаните“, велат од СДСМ.

Како што се додава во соопштението, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се противат на тоа парите да завршуваат кај граѓаните и водат грижа само за личните и партиските интереси, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Владејачката партија тврди дека обидите за блокади на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце