ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, кое е седиште на опозициската партија, велат од СДСМ.
„Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, кое го држеше народот во сиромаштија, за време на 11-годишниот режим“, посочуваат од владејачката паритја.
Според СДСМ, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите.
„Со кој образ губитникот Мицкоски бара доверба од граѓаните, бара пристап до народните пари, кога не може домаќински да ја води ни својата партија. На врата му тропаат извршители, а сметките му се блокирани“, велат од СДСМ од каде констатираат дека Мицкоски на може да води држава, бидејќи успеал дури и најбогата партија во Европа да ја доведе до стечај.