Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски стравува дека после Груевски тој е следен на црната листа на САД?

СДСМ: Мицкоски стравува дека после Груевски тој е следен на црната листа на САД?

„Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски.

Причината за овој потег сите ја знаеме и слушнавме и во бомбите, а тоа е вмешаноста на Груевски во бројни случаи на корупција и криминал.

На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков.

Дали тишината, молкот на Мицкоски можеби значи дека тој стравува дека по Груевски тој е следен на црната листа на САД, како еден од соработниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?

Овие сомневања дополнително ги поткрепува фактот што голем број на блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски.

До денеска Мицкоски се нема оградено за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Не слушнавме осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните. Христијан Мицкоски наместо повик за одговорност, останува на браникот на криминалот.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска и криминална партија“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Мицкоски: Кој вели дека барањето за поголем буџет во правосудството не е за поголеми плати не ја говори вистината

Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“ – судењето продолжува на 10 декември

На Клиниката за онкологија во Скопјe не се изработуваат анализи на тумор маркери, пропаднал тендерот