Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски срамно го понижи и јазикот и државата, на Конгрес на ЕПП како регистерска табличка

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се синоним за блокади, деструкции, бојкоти, кои прават се за државата да не оди напред, да не стане дел од ЕУ. Со нивниот антиевропски партнер Левица, организираат насилни протести, создаваат етнички тензии и ги лажат граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека тоа е истиот Христијан Мицкоски кој пред помалку од два месеци ја понижи државата на Конгрес на Европските народни парии со прифаќање на срамна Резолуција на ЕПП со бугарски ставови. На овој Конгрес, не само што Мицкоски ја прифати срамната Резолуција туку дозволи нашата земја па и тој самиот да биде претставен со кратенка од регистерска табличка НМК.

Официјална меѓународна кратенка на нашата земја е МК односно МКД. Зошто Мицкоски не се побудни, не реагира, не прати допис, зошто не ги повика да го променат ова? Овој пример уште еднш го покажува лицемерието, лажниот патриотизам и скриените намери на Мицкоски.

Нашата македонска иднина е европска, Мицкоски треба да знае дека мрачните сценарија и обидите за блокади на државата повторно ќе бидат поразени, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Од утре целосна блокада за товарни возила – Грчките земјоделци ја затвораат границата 48 часа

УХМР со предупредување до граѓаните: Врнежи, снег и опасност од свлечишта

Кочани организира тивок собир за жртвите од трагедијата во Кранс-Монтана