Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски повторно кај својот ментор Груевски по инструкции за референдумот

Христијан Мицкоски повторно беше во Будимпешта, веројатно по нови инструкции од неговиот ментор, криминалецот во бегство Никола Груевски, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Откако му пропаднаа сите обиди за да ја закочи државата, да ја дестабилизира и да создаде поделби, сега очигледно му се потребни совети како да се однесува по однос на референдумот што самиот го најавува. Референдумот на Мицкоски е само за вантрепартиска употреба, него не го поддржуваат ниту неговите коалициски партнери освен Левица а прашање е дали има поддршка и од сопственото членство.

Затоа што се виде дека тој нема доверба ниту во раководството на партија, дека на веб сајтот на ВМРО-ДПМНЕ единствен член на Извршниот комитет е самиот Мицкоски. Затоа Мицкоски ја лаже јавноста со некакви нотарски изјави на пратениците кои се без правно дејство и се скара со сите опозициски партии.

Мицкоски има проблем секогаш кога државата напредува, затоа креираше крвави сценарија, затоа најавува референдум за кој и самиот знае дека нема да биде успешен. Христијан Мицкоски останува осамен во антиевропското и деструктивно постапување“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт