Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски неодговорно шири паника, прифатлив предлогот да се укине финансирањето на партиите

СДСМ: Мицкоски неодговорно шири паника, прифатлив предлогот да се укине финансирањето на партиите

 

Скопје, 23 март 2020

Дури и во вакви тешки времиња, кога целата држава, институциите, медицинските лица, полицајците, граѓаните, се посветени на борба со коронавирусот и заштита на здравјето Христијан Мицкоски од белиот дворец шири невистини.

Крајно несериозно, крајно неодговорно и несоодветно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да ја злоупотребуваат ситуацијата и со сета сила се обидуваат да создадат атмосфера на паника кај граѓаните.

Ниту еднаш, ама ниту еднаш во изминатите 3 години Мицкоски не се издигна над неговиот личен, партиски или послушнички интерес на Никола Груевски.

Од човек кој за 100 отсто ја зголеми цената на електричната енергија и кој во време на сиромаштија тераше бизнис со хидроцентрали на грбот на граѓаните, друго и не може да се очекува.

За жал нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ и повторно, во клучни моменти за државата, за граѓаните Мицкоски нема ниту став ниту предлог за доброто на граѓаните.

Нема простор за паника, СДСМ презема одговороност да се справиме со економските последици од оваа криза.

Со политиките на СДСМ во изминатите 2,5 години економијата ја стабилизиравме и подготвено ги дочекува економските предизвици предизвикани од последиците со ширето на коронавирусот.

Од минус 1,8 колку што беше економијата во време на ВМРО-ДПМНЕ, денес ја подигнавме на плус 3,6 отсто.

Тоа остава можност за издржани мерки и решенија кои ќе ги намалат негативните последици врз економијата и ќе помогнат на работниците, на фирмите, на стопанството, на сите граѓани.

Токму во таа насока се и мерките на СДСМ и претседателот Зоран Заев, врз база на солидарност и финансиска конструкција, директно насочени кон граѓаните, кон работниците, кон зачувување на секое работно место.

Со мерките што ги предлагаме ќе се обезбеди минимална плата за секој работник во фирмите погодени од кризата. Со 50 отсто од просечната плата ќе им се помогне на они кои поради кризата останале без работа. За нас секој работник е важен и секое работно место е важно, затоа се бориме да ги сочуваме работните места.

7.000 денари обезбедуваме за секое домаќинство каде има лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија. Со минимален приход да помогнеме на сите граѓани.

Кредитите за правните и физички лица се одлагаат за три месеци, се стопираат извршителите на три месеци, а во тој период од плаќање закуп се ослободуваат корисниците на социјални станови и оние кои под закуп имаат деловен простор од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор.

Ова се мерки на солидарност и меѓусебно помагање.

Затоа сите функционери, министри, директори, градоначалници, сите раководители и сите вработени во јавниот сектор ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Претседателите и членовите на Советите во општините и претседателите на Управните и надзорните одбори нема да земаат надоместоци во месеците април и мај.

Овие пари ќе одат директно во фонд преку кој ќе им се помага на граѓаните и компаниите погодени од кризата.

За фирмите се обезбедуваат нови 50 милиони евра евтини кредити и се забранува стечај за време на кризата

Ова се мерки од граѓаните за граѓаните. Мерки со кои товарот од кризата се дели рамноправно меѓу сите, за негативните последици да бидат што поблаги а ситуацијата побрзо да се надмине.

Да се обезбеди основен приход за секој граѓанин е одговороност, секој човек е важен.

Јасно е дека Мицкоски е против овие мерки, затоа што тој е научен само да зема од државата а не и да помогне, затоа тој не сака сега од ништо да се откаже.

Го ставаме на располагање овој пакет економски мерки до Владата, со цел да се спречи и помогне веднаш на македонската економија, да се спречи губење работни места, да се спречи затворање на фирмите, да спречи сиромаштија и социјална криза.

Покажавме дека можеме да се справиме со сериозни економски предизвици, ќе покажаме и овој пат, ќе го победиме заедно невидливиот непријател и ќе се справиме со економските последици од оваа сериозна криза.

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Pet Utrinski
П1: Дали ќе ја поддржите Уредбата на министерката Рената Дескоска на партиите да им се укине годишното финансирање што треба да се исплати оваа година.
Секако дека СДСМ како одговорна партија во овие сериозни времиња и предизвици за сите нас како граѓани. Го поддржуваме предлогот на министерката за правда Рената Дескоска затоа што сметаме дека тоа чин на солидарност и таква солидарност на дело треба да покажеме сите политички чинители во нашата држава.
Со предлогот наместо парите да се трошат и да завршуваат кај партиите, треба да завршат кај државата за граѓаните да не изгубат ниту едно работно место и секако тие средства да се искористат за здравствена заштита на граѓаните и ние сме оптимисти дека таквиот предлог ќе наиде на поддршка од сите.
П2: Оценката на ВМРО-ДПМНЕ е дека не смее да се намалат платите во администрацијата на минимална плата, бидејќи тоа штетно ќе влијае на нивниот стандард и на економијата и наместо тоа бараат укинување на непродуктивните трошоци. Имате ли намера да се откажете од мерката за минималец во јавниот сектор?
Веќе кажав во прес-конференцијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту имале, ниту имаат намера да се откажат од нешто, или пак да поддржат нешто што е во интерес на граѓаните и државата.
Ова е време на солидарност, време во кое сите ние треба да се ставиме во функција на зачувување на здравјето, зачувување на секое работно место, обезбедување на минимален приход за секој граѓанин. За да го одржиме целото тоа, сметаме дека навистина во ова време треба целиот овој товар сите заедно како граѓани без исклучок да го поделиме товарот за да може да го одржиме нивото на јавната потрошувачка на стабилно ниво за да го одржиме буџетот стабилен.
Овие мерки се чин на патриотизам. Патриотизам е да се зачува секое работно место, да се обезбеди минимален приход за секој граѓанин, затоа што само солидарни, одговорни и храбри, но и спремни и одлучни да се соочиме со овие сериозни предизвици ве уверувам дека само така можеме да излеземе како победници.
Линк до видео: https://youtu.be/MKbXUtqmpPY
Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт