Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски наместо да организира таканаречени протести за струјата, да поднесе оставка

(Видео) Мицкоски: Струјата поскапува поради предизборните партиски вработувања

Очајниот губитник Мицкоски наместо да организира таканаречени протести за струјата, на кои и самиот не се појавува, да поднесе оставка, велат од СДСМ.

„Нема крај лицемерието и деструкцијата на губитникот Христијан Мицкоски, кој од ден на ден е се повеќе очаен и осамен. Во време кога есенскиот бран на коронавирусот, како во Европа така и тука е во полн налет, Мицкоски исплашен за својата фотелја во белиот дворец организира јавни собири на неговите приврзаници. Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски секој втор ден го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го нивното и јавното здравје“, велат од партијата.

Според СДСМ, нема поголемо лицемерие од тоа против цените на струјата да протестира оној кој ја укинал евтината тарифа и за 100 отсто ја зголемил цената на струјата, додека си терал бизниси со хидроцентрали добиени од Владата во која бил советник.

„Наместо да организира „протести“ на кој и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи ветувањето пред избори и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формира Влада. Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните“, велат од СДДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт