Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски креира политичка агенда од штрајкот на СОНК

СДСМ: Мицкоски креира политичка агенда од штрајкот на СОНК

Срамно е однесувањето на Христијан Мицкоски, кој со неговите изјави креира политичка агенда на штрајкот на СОНК, велат од СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека понудата на Владата до СОНК за зголемување од 10%, во услови кога сè е поскапено, е понуда за, како што рече, тие да можат да продолжат да крадат и да ги трошат ненаменски парите на граѓаните.

„Она кое што го понуди Владата е да продолжи да краде и да ги троши ненаменски парите на граѓаните и понуди, како што можев да разберам, усмено 10 проценти зголемување на платата на наставниците и вработените во градинките без да има писмен договор, после некаков ребаланс на буџет кој што никој не знае кога ќе се случи и дали воопшто ќе се случи“, изјави денеска Мицкоски.

Од СДСМ пак се децидни дека одбивањето на предлогот за зголемување на платите за 10 отсто или просечно за 2.500 денари во време на, како што велат, најголема светска економска криза е уценувачки потег на раководството на СОНК.

„Наставниците многу добро знаат дека за период од пет години во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување од четири отсто или само 750 денари плус за период од пет години.

За разлика од тоа, во овие четири и пол години СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 21 отсто или од 3.200 до 6.400 денари.

Затоа Мицкоски и неговата партија се последните кои можат да зборуваат за платите во образованието и детската заштита“, посочуваат од владејачката партија.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Бујар Османи е симбол на дваесетгодишната корупција

Полицијата легитимирала новинари кои ја следат смената на директорката во училиштето во Демир Хисар

Мицкоски: Рекордни средства од Буџетот се издвојуваат за здравството, целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија