Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

СДСМ: Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот за попис опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски е на спротивната страна на државните и националните интереси.

„Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат.

Последниот попис во 2011 година не успеа токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и сега опозициската партија повторно ја политизира оваа важна статистичка операција.

Целосно нејасно е зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат на Законот се противат државата да има прецизни статистички податоци, важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси.

Обезбедувањето на податоците, кои се нужно потребни за рамномерен и правилен економски развој е во интерес на државата и граѓаните и токму затоа оваа операција е патриотски чин.

СДСМ, како одговорна партија има договор со граѓаните да спроведеме попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци“, велат од СДСМ преку соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор