Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираат покачувањето на платите во високото образование за 10 отсто

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 февруари 2020

Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски преку неговите пратеници и Влатко Ѓорчев упорно  продолжува да работи директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

Ѓорчев како претседател на Комисијата за труд и социјална политика ја злоупотребува функцијата и ја блокира расправата за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.

Со овој Предлог-закон  се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование.

Мицковски и Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година.

Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ,  вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се покачат платите во високото образование, не сакаат граѓаните да имаат повеќе пари, тие се научени парите да завршуваат само во белиот дворец.

Граѓаните го гледаат и ценат ваквиот нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа на 12 април ќе ги казнат штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските  интереси.

На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека политиките на СДСМ што значат раст на платите и повеќе пари во семејствата е правиот, вистински пат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија