Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски е тој што ги загрозува државните позиции

СДСМ: Мицкоски е тој што ги загрозува државните позиции

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се оние кои ги загрозуваат државните и националните интереси, реагира СДСМ по изнесените ставови на опозицискиот лидер во врска со преговорите со Бугарија.

„Без срам дури и лично самиот Мицкоски денеска си призна дека неговите ставови за процесот со Бугарија ги темели на „определени шпекулации“. Тоа ниту е чесно, ниту е одговорно однесување на шеф на парламентарна политичка партија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттука додаваат дека секогаш кога државата е во битни периоди за евроинтеграцијата ВМРО-ДПМНЕ дејствува деструктивно во обид да го попречат евроинтегративниот процес.

„Наместо да шири лажни вести и дезинформации, наместо да ги загрозува позициите на државата, Мицкоски да си даде оставка откако неговиот шеф Никола Груевски се најде на црната листа на САД поради сторените очигледни и судски потврдени криминали“, додава СДСМ во реакцијата.

Можете да прочитате

Синот што утрово си ја уби мајката сам се пријавил во полиција

Мицкоски повторно во посета на Унгарија

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДСМ