Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски е неспособен, не може да добие избори

СДСМ: Извештајот на ЕК ги потврди успешните европски политики на СДСМ, продолжуваме по патот на реформи и интеграција

9 март 2020
Мицкоски е неспособен, тој не знае да крева плати, тој не може да добие избори. Граѓаните го паметат Христијан Мицкоски, извршителот на Никола Груевски,  по неодговорното и недомаќинско директорување  додека ја водеше најголемата енергетска компанија во државата.
Не водејќи грижа за државната каса, во јануари 2017 година Мицкоски купил 58.992 мегават часови електрична енергија за кои најниската цена била 52,85 евра, а највисоката фантастични 240 евра за мегават час.
Само во период од 8-ми до 23-ти јануари, како директор, купил скапа увозна струја во вредност од 5,6 милиони евра, средства кои немало да се потрошат доколку се работело одговорно наместо криминално.
Тоа што го прави најлош и најнеодговорен директор се фактите дека лично Мицкоски во 2017-та не дозволил домашно производство на енергија со што ја приморал компанијата да увезува скапа струја, како и тоа дека купувал струја ден за ден што е најскап модел, наместо да набави електрична енергија за подолг период со што би се намалила цената на увозната струја. Зошто го правел ова знае самиот Мицкоски.
Но јасно е дека со ваквото однесување тој свесно ја спречил компанијата да произведува сопствена енергија со што ја загрозил и стабилноста на енергетскиот систем во државата. Дали Мицкоски на тој начин овозможил да се злоупотребуваат ресурсите на ЕЛЕМ за нечија лична корист, ќе треба да утврди Јавното обвинителство.
Ако Мицкоски демонстрирал несериозно и расипничко однесување како директор, тогаш нема право да зборува и да ветува раст на плати, затоа што не знае да зголемува плати.
Граѓаните веќе ја препознаа манипулаторската политика на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и доволно слушаа за нивните лаги. Граѓаните последниот збор против режимско- криминалната партија ќе го кажат на 12-ти април.
За големиот пораз од народот е свесен и самиот Мицкоски кој побегна од парламентарните избори. Тој кукавички одби да се соочи со претседателот на СДСМ, Зоран Заев во четвртата изборна единица, но се исплаши и од сите други кандидати на СДСМ и затоа реши да не учевствува на престојните избори.
Мицкоски залудно бега од пратеничките листи кога не може да избега од поразот. Тој е прочитан дека оди еден чекор назад, додека ние одиме три чекори напред.
                                                           Центар за комуникации СДСМ

 – МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт