Мицкоски го очекува пораз на локалните избори, ниту самиот тој не верува во неговата понуда на кандидати за градоначалници, е истакнато во соопштението од СДСМ.
„Тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем да најдат кандидати за градоначалници, затоа што сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори. И во Град Скопје, и низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз затоа што освен лажни вести, деструкции и блокади ништо друго и не нудат“, е напишано во соопштението од СДСМ.
Граѓаните, како што потенцираат од таму, ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, „тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи и затоа му следува уште еден пораз“, пишуваат од партијата на власт.