Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мизрахи крши Устав, работи на штета на граѓаните и не е никаква жртва, одговорност мора да има

СДСМ: Мизрахи крши Устав, работи на штета на граѓаните и не е никаква жртва, одговорност мора да има

Скопје, 14 февруари 2020

Техничката министерка Рашела Мизрахи крши Устав и работи на штета на граѓаните. Значи за неа не постои Устав, не постојат граѓаните, не постои интересот на државата.

Мизрахи не го користи мандатот за спроведување на изборниот процес, ниту за да им помогне на граѓаните. Таа, мандатот во техничката влада го користи само за исполнување на нарачките на извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски.

Со непочитување на Договорот од Преспа извршителот Мицкоски преку Мизрахи ги загрозува евроинтеграциите, членството во НАТО и ЕУ.

За кршење на Уставот следува одговороност, Мизрахи не е никаква жртва.

Техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО- ДПМНЕ, Рашела Мизрахи го одби предлогот да се зголеми опфатот на стечајни работници кои ќе добиваат месечен надомест до пензионирање.

Таа функцијата ја злоупотребува само за партиски цели, за извршување на нарачките на Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Освен функцијата, Мизрахи  злоупотреби дури и службено возило во партиски цели.

Оттука, очекуваме Собранието уште на првата наредна седница да ја разреши Мизрахи од функцијата техничка министерка за труд и социјална политика.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста 

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме