Скопје, 9 март 2020
Бескрупулозно и без никаква одговорност кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и нејзините медиуми – докажани произведувачи на лажни вести, ја лажат јавноста и ја злоупотребуваат ситуацијата со вирусот Ковид-19.
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира и дрско ја лаже целата македонска јавност и повторно покажува дека нема ниту капацитет, ниту пак знае како да работи во интерес на граѓаните.
Единствено што знае ВМРО-ДПМНЕ е да работи на штета на граѓаните, а во интерес на функционерите од оваа партија и нивните џебови.
За ВМРО-ДПМНЕ не е важно ниту здравјето на граѓаните, ниту нивната заштита.
Тоа го докажаа во периодот од 11 години режим, кога здравствениот систем целосно го колабираа и уништија.
Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на свадбената веселба на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Апелираме, јавноста и граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче, кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид-19.
Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.