Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Македонски јазик во ЕУ, потонати се сите лаги на Мицкоски и Апасиев

Сите лаги на Мицкоски и Апасиев потонаа, сите нивни невистини се демаскирани. Македонскиот јазик одекна во Брисел, влезе во ЕУ, на македонскиот јазик му се отвори патот да стане службен јазик на Европската унија. Во текот на меѓувладината конференција не само што се говореше на македонски јазик, туку беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти, ѕвездички и придавки.

Ги заштитивме македонскиот јазик, идентитет и посебност, во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Со ова, пропаднаа сите лаги што со месеци ги повторуваат ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт