Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе се изгради фабрика за производство на електрични автомобили, како прва од таков вид во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.

Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.

Оваа мултимилионска инвестиција на германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕе доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“,се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт