Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Лажни се тврдењата дека „Еуростандард банка“ пропаднала поради актуелната економска состојба

СДСМ: Лажни се тврдењата дека „Еуростандард банка“ пропаднала поради актуелната економска состојба

Одземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење на банка, согласно Законот за банки, велат во соопштение од СДСМ.

Од таму додаваат дека имајќи предвид дека учеството на „Еуростандард банка“ во вкупната актива е само 1,3 отсто, депозити 1,7 отсто и кредити на банкарскиот систем 1,6 отсто, oва во никој случај не ја загрозува стабилноста на банкарскиот систем.

„Граѓаните можат да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен и ликвиден. Спокојни треба да бидат и лицата депоненти во банката, бидејќи нивните депозити согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити се осигурени и ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити во износ до 30.000 евра по лице во денарска противвредност“, велат од СДСМ од каде додаваат дека на овој начин, ќе бидат обесштетени 99,4 отсто од депонентите во банката во законските рокови.

„Според официјалните информации од Народната банка, причина за несолвентноста на ‘Еуростандард банка’ се проблеми од минатото, а не тековни проблеми. Со тоа паѓаат во вода лагите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола, дека одземањето на дозволата на ‘Еуростандард банка’ е поради наводни проблеми со актуелната економска состојба“, стои во соопштението на СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт