Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ковачевски потпиша важни договори во рамки на „Отворен Балкан“

СДСМ: Ковачевски потпиша важни договори во рамки на „Отворен Балкан“

Претседателот на СДСМ и заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски, денеска учествуваше на седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ кој се одржа во Тирана.

На состанокот беа потпишани Договори со кои граѓаните и компаниите на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија, по примерот на европските земји.

Како заменик министер за економија, Ковачевски е дел од потписниците на овие договори, информираат од СДСМ.

„Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан. ‘Опен Балкан’ значи економски стабилен и развиен регион“, ја пренесуваат од СДСМ, изјавата на партискиот лидер, Ковачевски.

Откако договорите ќе бидат ратификувани во парламентите на државите, граѓаните се стекнуваат со можност слободно да се движат и да работат во секоја од нив.

Со овие олеснувања се очекуваат значајни економски придобивки, економиите се поврзуваат, се олеснува работата на компаниите, а се прават и крупни чекори кон европеизација на регионот, посочуваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Без струја делови од Ѓорче Петров и Зелениково, а без вода дел од Карпош

Во сабота почнува увидот во избирачкиот список, ќе трае 20 дена

Патот Македонски Брод – Скопје и натаму затворен поради пожар – На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути