Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Историското покачување од 21 отсто на платите во образованието го збуни Мицкоски

Img 7972

Со постигнатиот договор платите во образованието ќе се зголемат за 15 отсто што е рекордно зголемување на платите во овој сектор. Претходно, во три наврати СДСМ ги зголеми платите за вкупно 21 отсто, со што кумулативно, за само пет години платите во образованието ќе пораснат за 36 отсто, соопшти СДСМ.

„ Ваквото рекордно покачување и постигнатиот договор со СОНК, го збуни Христијан Мицкоски, па тој денеска вели дека сето ова било минимално покачување. Ова е лицемерна изјава на Мицкоски, особено ако се знае дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието се заголемија за едвај четири отсто.

Покачувањето на платите беше договорено со Синдикатот низ социјален дијалог и срамно е тврдењето Мицкоски дека Владата или која било друга институција ги понижувала и навредувала наставниците и професорите. Понижување и навреда за нивната благородна професија е односот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години ги уценуваше и малтретираше наставниците, го потценуваше нивниот труд.

Понижување и навреда се блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на законското решение кое обезбедува трајно врбаотување за 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се служеше со притисоци и закани кон наставниците, СДСМ низ дијалог обезбедува повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ освен да блокираат и шират лажни вести, ништо друго не знаат“ се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс