Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Изјавите дека пратеник бил киднапиран се покажа дека се чиста невистина

СДСМ: Изјавите дека пратеник бил киднапиран се покажа дека се чиста невистина

Се потврди она што го говоревме, изјавите дека пратеник бил киднапиран беа несериозни, неодговорни, односно чиста невистина, велат од СДСМ откако пратеникот Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција рече дека самоволно се засолнил на денот на гласањето во Собранието.

Од СДСМ додаваат дека добра вест е што, како што велат, лагите на Мицкоски и Апасиев и нивните обиди да ја закочат земјата не проаѓаат во Собранието.

„Ја поздравуваме најавата на господинот Кастриот Реџепи, мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност“, се наведува во париската реакција, во која се посочува и дека СДСМ е отворена за соработка со сите демократски сили и пратеници.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт