Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Извршителот Мицкоски промовира веќе реализирани проекти од СДСМ кои според негово признание се Мега проекти

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

Скопје, 22 февруари 2020 
 
Вистинско лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години водеше погубни политики на тема енергетика и екологија денес да заборува на овие теми.
Денес, немајќи што да понуди извршителот на Никола Груевски,  Христијан Мицкоски, промовира проекти на СДСМ кои се спроведуваат и кои според неговото признание се Мега проекти во енергетиката.
Токму кога Христијан Мицкоски, беше советник на Никола Груевски за енергетика и директор на  АД ЕСМ (ЕЛЕМ), во државава се случуваше вистински пустош во енергетиката .
ВМРО-ДПМНЕ ако знаеа како се работи во енергетиката, немаше државата со години да биде зависна од скап увоз на струја, немаше да се укине евтината дневна тарифа на струјата, немаше цената на електричната енергија да поскапи за 100 отсто, а енергетската мрежа немаше да се соочува со чести испади што беше редовна пракса за време на нивното владеење.
Наспроти нивните погубни политики кои цели 11 години ја чинеа многу скапо и државата и граѓаните, за само 2.5 години СДСМ со исправни и домаќински политики покажа како се водат вистински енергетски политики.
Потврда за тоа е и прогласувањето  за шампиони по реформи во енергетската политика од страна на Енергетската заедница.
Од 2006 до 2016 година ВМРО ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за сите потрошувачи за 100%.
Од 2016 до 2019 СДСМ ja намали и стабилизираше цената на струјата.
Денес, повторно имаме евтина тарифа на струјата.
ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, тврдеа дека така ќе поскапела струјата.
Еве две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата.
Зголемено е домашно производство на струја.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше пад од 25% на домашното производство на електрична енергија, а увозот достигна вртоглави 38%.
Денес, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ/ЕЛЕМ) не купува електрична енергија. ЕСМ продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.
ЕСМ денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат за потребите на граѓаните.
10 милиони евра од овие средства оваа сезона ќе бидат вложени за 10.000 семејства да добијат еколошки инвертери за борба против аерозагадувањето.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и другиф фикции од мозоците на Мицкоски и Груевски.
Денес, Цената за приклучок за броило е намалена од 500 на 370 евра.
Со години, за обичен приклучок на електричната мрежа се плаќаа 500 евра, од оваа година за прв  пат цената е намалена за 26% и изнесува 370 евра.
Со намалување ДДВ-то од 18% на 5% на сметките за парно греење, остануваат повеќе пари во семејните буџети на граѓаните, а овој еколошки начин на греење станува подостапен за нови корисници.
Граѓаните кои не користат парно греење денес не плаќаат.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ и исклучените од парно мораа да плаќаат. Ние тоа го запревме и овозможуваме услови граѓаните повторно да се вратат да се греат на овој еколошки начин на , по прифатлива цена.
Во тек е интензивна гасификација на Северна Македонија.
Инсталирани и изградени се  101 км цевки за гас во рамки на примарната мрежа на делниците Неготино – Кавадарци –Прилеп – Битола и  Скопје – Тетово – Гостивар. Степенот на реализација изнесува 74%. Денес, целосно се завршени сите административни процедури за интерконекторот за гас со Грција. За ова добивме европски грант од 13 милиони евра. Мицкоски и Груевски, 11 години инсистираа на целосна зависност од рускиот гас.
108 јавни објекти во преку 40 општини добија фотоволтаични системи со што годишно се заштедуваат 196.000 евра од општинските буџети. Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа, а Електрани на Северна Македонија се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати од сопствени средства . Исто така, во тек е на оваа фотоволтаична електрана со  100 Мефавати –проект кој е пример во регионот ,честопати споменуван од Енергетската заедница.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се изградија само 18 мегавати фотоволтаични електрани, за кои ние граѓаните 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата. ВМРО-ДПМНЕ повторно во отсуство на свои идеи копираат идеи кои СДСМ веќе ги применува со доаѓањето на власт. Во таа насока се и енергетски ефикасните фасади, проект кој функционира и граѓаните имаат придобивки од него.
Гасификацијата имаме и во здравството.  Изминативе 2 години гасифицирани се клинички центар  и болницата 8 ми септември.Во соработка со канцеларијата на ЕУ во тек е проект за гасификација на сите болници во државата (Битола,Охрид,Кичево,Прилеп,Тетово),а болниците во Куманово и Струмица се приклучуваат на локалната гасоводна мрежа.
Во однос на загадувањето ,СДСМ воведе бројни мерки и проекти со цел справување со оваа проблематика која со години беше игнорирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму СДСМ започна со замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, замена на старите и нееколошки автобуси на ЈСП со нови  33 еколошки  автобуси во Скопје, 4 автобуси на метан во Прилеп од страна на општината,  ЕСМ и општина Битола нови 6 автобуси. Потоа, субвенции, за инвентори, за велосипеди и електрични тротинети како алтернативен и еколошки начин на превоз.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува на овие две теми.
Ако извршителот Мицкоски мисли нешто ново да им понуди на граѓаните, тоа и нека го направи. Мерки и проекти на СДСМ кои денес функционираат да не копира.
Затоа граѓаните ќе ги поразат ваквите политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим никогаш повеќе.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ