Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Изборите ќе бидат во 2024 година и тоа прашање е затворено

Денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски покажа дека тој не е фактор на политичката сцена, туку опортунист кој работи единствено за личен интерес и интерес на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

„Прес-конференцијата на Мицкоски требаше да се одржи за судските пресуди против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за црната листа на САД, кои го потврдуваат степенот на криминал во неговата партија.

Мицкоски не треба да нуди неспособни тимови составени од бројни соработници на Никола Груевски и лица против кои се водат судски процеси“, се наведува во партиската реакција.

Според СДСМ, тимот на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е вистинска слика што може да се очекува од оваа партија како власт.

„Тоа е еднакво на катастрофа. Општините кои тој ги нарекува ‘слободни територии’ во суштина се поле за груба партизација на институциите со кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и тоа прашање е затворено“, велат од владејачката партија и додаваат дека тие се фокусирани на менаџирање на кризата и заштита на стандардот на граѓаните.

Можете да прочитате

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ 

Трајановски: Нападите од Шилегов и Деспотовски се „стани ти да седнам јас“