Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Зоран Заев силно се бори за татковината, а ВМРО-ДПМНЕ навива против интересите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа
Img 7972

Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата, велат од СДСМ преку соопштение.

„Ова граѓаните го гледаат секој ден.

Немаат став за ниту едно важно прашање, опструираат и блокираат.

Северна Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро.

Наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé Република Северна Македонија да не успее.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја