Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: За 100 дена градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираа само 1.000 лаги

СДСМ: За 100 дена градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираа само 1.000 лаги

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за првите 100 дена реализираа 1.000 лаги. 100 дена беа доволни за да се покаже целата неспособност на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

„ Партизација на општините, оправдувања за неработа, трошење пари на непродуктивни трошоци како чоколади, мобилни телефони и очила за сонце од неколку илјади евра.

Христијан Мицкоски отчет треба да даде признанијата за ,,Титаник” а потоа и да се повлече од политиката.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски знаат само за блокади и деструкции, нивниот најнов проект е блокада на Законот со кој за 27.000 наставници се обезбедуваат поголеми плати а за 4.700 трајни вработувања.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се грижат единствено за своите и за партиските интереси и дејствуваат на штета на интересите на граѓаните“ се додава во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт