Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За осуда е споредбата на ЕУ со нацистите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат

СДСМ ја осудува споредбата на Европската унија и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен со нацистите и нацистичкиот режим, направена од собраниската говорница од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ наведуваат дека скандалозно, срамно и за секаква осуда е тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го резилат Собранието, но и директно ги навредуваат нашите пријатели во Европската унија и го нарушуваат угледот на државата.

Освен што работат против интересите на Македонија и на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ застанаа против целата Европска унија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за ова сканадлозно однесување, да се откажат од својата деструктивност, антиевропско делување и манипулирање на јавноста со лаги и невистини, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје