Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Заев од утре е на годишен одмор, по Илинден ќе ја дефинира новата владина коалиција

СДСМ: Заев од утре е на годишен одмор, по Илинден ќе ја дефинира новата владина коалиција

Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе, велат од СДСМ од каде додаваат дека на изборите граѓаните масовно го поддржале концептот на коалицијата „Можеме“.

„Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија“, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ истакнуваат и дека во деновите до и околу Илинден граѓаните ќе може да здивнат од политичките активности на партиите.

„После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции“, порачуваат од партијата од каде ја информираме јавноста дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата.

 

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме