Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Зад вчерашните протести на кои се навредуваа доктори и новинари стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица

СДСМ: Зад вчерашните протести на кои се навредуваа доктори и новинари стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Img 7972

СДСМ најостро ги осудува вчерашните протести, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите, велат од владејачакта партија.

Од таму сметаат дека вчерашниот протест против новите мерки кои стапуваат на сила од денеска бил срамен настан и претставувал загрозување на здравјето на граѓаните.

„Организацијата на протестите во повеќе градови, иконографијата идентична со опозициските митинзи, политичките пораки против актуелни министри, како и евидентно присутните членови и симпатизери на две политички партии покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Секако поддржани од Бојкотирам“, псочуваат од СДСМ од каде додаваат дека со овој начин на делување, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

Од владејачката партија им порачуваат на граѓаните дека лажните информации со кои некој упорно сака да ги одврати од вакцинацијата предизвикуваат директна штета по нивното здраве.

„Масовната вакцинација е единствен начин за да се заштитите, да го заштитите вашето, но и јавното здравје“, нагласуваат од СДСМ и апелираат граѓаните кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро.

Можете да прочитате

Мицкоски: Секој оној којшто на каков било начин има поврзаност со случајот за Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Андоновски: Сајбер нападите се реална закана и се дел од пошироката слика на хибридните закани

Петмина возачи уапсени со над 1,5 промили алкохол во крвта