Скопје, 15 февруари 2020
СДСМ започна постапки за избор на најодговорните кандидати и кандидатки за пратеници во историјата од независноста па досега. Заедно со нив ќе одиме во нова победа и ќе продолжиме со политики што ја водат државата напред. За првпат настапуваме со целосна еднаквост на мажи и жени на пратеничките листи. Воведуваме 50-50 сооднос меѓу мажи и жени преку патент систем и уште повеќе ја зголемуваме еднаквоста.
Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни. Тоа доликува на секоја прогресивна партија и секое прогресивно општество како нашето.
Покрај номинирањето од партиските тела и органи воведуваме можност и за само кандидирање. Сите жени кои ги делат социјалдемократските идеали, кои имаат желба и сила да работат за граѓаните. Кои уживаат углед и се препознаени како чесни вредни и успешни да ни се приклучат.
СДСМ е отворена, транспарентна партија која знае да препознае квалитет затоа ги повикуваме сите да ја искористат можноста и да се кандидираат за пратеник, за пратеничка.
Ве повикуваме да ја посетете нашата веб-страница за да се запознаете со роковите, условите и критериумите за самокандидирање.
Приклучете се, да изградиме силен, независен парламент кој ќе продолжи да создава услови за целосна еднаквост меѓу мажите и жените. Парламент кој ќе носи позитивни промени и преку системски решенија ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Да продолжиме на правиот пат, мажи и жени еднакви.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки