Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

СДСМ: Енергетската транзиција ја спроведуваме, успешно ја менаџираме и кризата

300x250 opst2

Владата предводена од СДСМ на дело ја спроведува енергетската транзиција, се зголемува производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, а успешно се менаџира и енергетската криза. Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за нашата држава да не зависи од увозот на скапа струја, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека АД ЕСМ постави фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати. На местото на некогашниот загадувач РЕК Осломеј преку неколку други инвестиции ќе се постават фотонапонски електрани со вкупна моќност од 120 мегавати.

Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.

Со одлуката за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, обезбедуваме трајно, стабилно и непречено снабдување со природен гас.

Освен реализација на капитални инвестиции, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира и енергетската криза која ја зафати цела Европа.

Преку субвценионирање на цената на електричната енергија и со намалувањето на ДДВ за електрична енергија просечно домаќинство сега заштедува близу 2.200 денари месечно за струја.

Не дозволивме енормен раст на цените на горивата, со намалувањето на акцизите и ДДВ-то денес имаме најниска цена на нафтени деривати во регионот и Европа.

СДСМ продолжува да се грижи за граѓаните и економијата, продолжува да инвестира во обновливи извори не енергија кои ќе придонесат за целосна енергетска независност, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес

ВИНОТО ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 7,1 МИЛИОН ЕВРА: Една винарница е на врвот, а другите се далеку зад неа

М-Р МИХАЈЛО БОРОЗАНОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: ПРОДУКТИВНОСТ, ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА ДРЖАВАТА