Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ до Мицкоски: Доста плачеш и лажеш, народот не те сака

СДСМ: Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар

 

Мицкоски, доста плачеш и доста лажеш, народот не те сака, на твоите лаги не ти веруваат ниту во твојата партија, порача владејачкиот СДСМ до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговото обраќање на денешниот протест.

„Со сите лаги што ги изнесе денеска на таканаречениот протест, Христијан Мицкоски само ја потврди студијата на ЕУ дека тој и неговите профили на социјалните мрежи е извор на дезинформации и лажни вести.

Мицкоски, доста ги малтретираш твои приврзаници со кои си организираш таканаречени протести кои служат единствено да си ја спасиш фотелјата во белиот дворец.

Мицкоски, доста лажеш и глумиш загриженост, факт е дека за идентитетот македонски, за македонскиот јазик ниту се преговара ниту ќе се преговара.

Мицкоски, доста плачеш, граѓаните на 15 јули ти го покажаа патот на изборите, во опозиција каде уште долго ќе останеш.

Граѓаните одбраа државата да продолжи напред кон развој и интеграција, Мицкоски останува сам, изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија“, наведе СДСМ во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт