Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Додека Мицкоски тера политиканство, Владата донесе мерки за сите, да сакаше да помогне ќе се откажеше од парите кои ги добива од граѓаните

СДСМ:Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, прв предизвик ни е справувањето со кризата од коронавирусот

Скопје, 31 март 2020 –

Додека Христијан Мицкоски тера политиканство, Владата се бори против коронавирусот и донесе вистински мерки за сите!

Мерки вредни 200 милиони евра кои значат грижа за секој работник, за секој човек, за секое семејство, кои значат зачувување на работните места и гарантиран приход кај секој работник. Така постапуваат одговорни политичари.

Неодговорните како Мицкоски седат од страна и напаѓаат без аргументи, напразно, само политикански. Да сакаше да помогне Мицкоски ќе се откажеше од парите кои ги добива од граѓаните.

Мицкоски прво да каже како ќе ги врати милионските долгови што ВРМО-ДПМНЕ ги има, и што ќе прави со стечајот во неговата партија па после нека кажува мерки, ако ги има.

Нема да дозволиме татковината да падне во стечај како што посакува Мицкоски.  Заедно со граѓаните ќе се справиме со коронависрусот и со економските последици.

Соопштение за јавност, реакција на прес-конференција на Христијан Мицкоски

Центар за комуникации со јавноста – СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт