Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда

СДСМ: Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда

„Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на великанот и борец за социјална правда, Гоце Делчев. Тие двајца никако не можат да одат заедно“, соошти СДСМ.

Според партијата, тоа му го порачаа и граѓаните на изборите на 15 јули.

„Токму во градот Делчево Мицкоски убедливо беше поразен со над 1.000 гласа разлика. Ако Мицкоски не успеа да ги убеди граѓаните на Делчево дека тој е за Гоце Делчев, тогаш бадијала се обидува да глуми пред другите граѓани дека ја разбрал визија и идејата на Делчев.

Дали потрчкото на неправдата, Мицкоски, повторно ќе протестира со луксузни возила за борецот за социјална правда Делчев? Колку и да му е тешко, Мицкоски треба да знае дека неговите деструктивни политики на се поразени, граѓаните решително испратија порака дека нема му дозволат преку лажен патриотизам и деструкција да ја враќа државата назад“, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт