Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Две години членство во НАТО, безбедни, сигурни и силни

СДСМ: Две години членство во НАТО, безбедни, сигурни и силни

Денеска одбележуваме две години од членството во НАТО. Со членството во НАТО остваривме една од двете стратешки цели поставени уште од денот на независноста, соопшти СДСМ.

„ Воената агресија врз Украина и загрозување на нејзиниот суверенитет, ни покажа колку лесно безбедноста и сигурноста можат да бидат загрозени.

Во овие трагични моменти јасно гледаме дека мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која ја обезбедивме со НАТО нема цена.

Нашите граѓани се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз на светот“ се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт