Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Данела Арсовска и неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да си ги платат сметките

СДСМ: Данела Арсовска и неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да си ги платат сметките

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни што не можат ниту сметките да си подмират, велат од СДСМ.

Според оваа партија, Владата во делот на енергетстата криза веќе помага на граѓаните и малите потрошувачи.

Додаваат дека со навремени мерки Владата спречила голем ценовен шок и граѓаните се заштитени од превисоки цени за струја.

„Данела Арсовска е време сериозно да ја ревидира својата улога во оваа енергетска криза и да земе нешто да работи. Прво се прогласи ненадлежна за парно греење и скопјани го остави сами на себе. Интервенираше Владата, го презема и скопјани имаат парно. Истата таа Данела Арсовска повторно се обраќа со нови барања за електрична енергија. Како тоа нема пари за сметки а има за 109 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата во Скопје? Во услови на криза Данела мора да ги сведе непродуктивните трошоци на минимум“, се потенцира во писмената реакција од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт