Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар

СДСМ: Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар

Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар, а тој останува претседател на нереформирана и назадна партија, велат СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

Од СДСМ оценуваат дека се очајни обидите на Мицкоски да пронајде алиби за поразот на изборите.

„Согласно уставот, претседателот Зоран Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и Можеме кои имаат најголем број пратенички места во Собранието. За потсетување, исто така како што неговиот ментор Никола Груевски го доби во 2017 година. Со таа разлика што Груевски остана осамен и изолиран во намерата да направи нова режимска влада, па наместо него, нова прогресивна влада направи Заев. За разлика од тогаш, сега Заев ќе направи Влада без разлика на очајот на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Додаваат дека овој пат нема да има крвопролевања во Собранието како што имало на 27 април кога ВМРО-ДПМНЕ било подготвено да убие само за да не се случи трансфер на власта.

„Наместо да бара изговори и да се заканува Мицкоски треба да биде свесен дека тој не е ниту пратеник и дека единствено може да се бави со проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој останува претседател на една од најназадните и нереформиранаи партии во државата“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!